Трета лигаФудбал

Кои се најдобри стрелци во Трета лига – Запад? Може ли некој да го стигна најдобриот стрелец?

Сподели
Сподели



По 13 одиграни кола во Трета лига – Запад се „разгорува“ како трката за шампионската титула, така и за „златната копачка“ односно кој да биде најдобар стрелец.

Најдобар стрелец и натаму останува Хакан Алимоски од екипата на Могила, кој има постигнато 13 погодоци, три повеќе од вториот најдобар стрелец Владе Јанакиевски, кој за тимот на Напредок од Ношпал постигна десет гола.

На делба на третото место со по девет погодоци се Фатјон Леши (Кораб) и Денис Шадов (Влазними), а пак Антонио Ќитаноски за Славеј од Мешеишта постигна седум гола.

Повеќе фудбалери има со по пет погодоци – Ненад Балоски и Лука Богданоски (Караорман), Темур Емини (Кравари), Самед Кадриоски и Аљтин Лога (Влазними), Филип Кебаковкси (Напредок Ношпал), Даниел Короскоски (Славеј Мешеишта) и Елмаз Шеи (Велешта).



Во однос на постигнати автоголови на врвот на оваа неславна листа е Христијан Китрозоски од Славеј Мешеишта со два автогола, а по еден автогол имаат Валентин Ѓорѓиески и Димитар Аќимовиќ од Славеј Мешеишта, Горан Јакопетревски од Кравари, Михаил Гулугаровски од Напредок Ношпал и Бојан Кантаровски од Могила.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!