Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во Долни Дисан на отварање на 7. коло на Трета лига регион 4.

По перфектниот учинок прилепчани го забележаа првото реми оваа сезона, за домаќинот ова е голем бод.

Млекар го освои првиот бод откако на домашен терен одигра 2:2 против ланскиот второлигаш Вардар Неготино.

Емран Имероски во 17. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во 29. минута беше 1:1 со голот на Иван Иванов. Во вториот дел домашниот тим дојде до нова предност преку Сади Османоски во 53. минута, а во 76. минута Дарко Ѓорѓев ги постави конечните 2:2.

Бучин со 2:3 славеше во Пепелиште над Победа преку двата гола на Зоран Мирчески и голот на Виктор Глушески. За домашниот тим двоен стрелец беше Мартин Младеновиќ.

Колото ќе се комплетира денес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!