Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во меч од второто коло на Втората футсал лига.
По чистите мрежи гостинската елита во десет минути постигна три гола, а стрелци беа Ангел Белчовски, Дарко Димитровски и Давид Тошев.
Во самиот финиш од средбата Драган Стефанов постигна два гола за ублажување на поразот.
За Кратово ова е втор пораз, а за Мал Ајакс втор триумф.