КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија, а во која фаза ќе се соочат девет прволигаши, шест второлигаши и еден третолигаш.

Седум натпревари ќе бидат одиграни на 28 октомври од 13:30 часот, а последниот патник во четвртфиналето ќе се добие на 25 ноември кога ќе се одигра мечот меѓу АП Брера Струмица и Арсими од 13 часот.

Прволигаши во осминафиналето: Скопје, Струга Трим Лум, Башкими, Шкендија Арачиново, Вардар, Тиквеш, Силекс, Брегалница и Арсими, додека пак второлигаши осминафиналето се Новаци, Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП и АП Брера Струмица, а Каменица Саса е единствениот третолигаш.

Во осминафиналето се среќаваат Скопје со Новаци, Струга Трим Лум против Беласица, прволигашко дерби на Башкими и Шкендија Арачиново, како и Вардар со Тиквеш, Пелистер ќе игра со бранителот на Куп титулата Силекс, Работнички со Каменица Саса, Македонија ЃП против Брегалница и АП Брера Струмица со Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!