Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Сподели
Сподели

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со 22:38 на реваншот и со тоа патува во третото коло од ЕХФ Европскиот куп кој го брани Охрид.

Вкупниот резултат од овој двомеч во „Билјанини Извори“ е 74:46 за „гладијаторите“.

Во првиот дел од средбата турскиот тим пружаше максимален отпор и играше на подобро ниво во однос на вчерашниот меч, но и покрај тоа на полувреме замина со негатива од 14:16.

Резултатот постојано се менуваше водство имаше Спор Тото, но и Охрид. Турскиот тим имаше предност и од три гола при 9:6, а потоа и на 10:7, а дојде и до највисоките плус четири 11:7.

Потоа „гладијаторите“ влегоа во серија погодоци и го свртеа резултат на 14:16 на полувреме.



Во второто полувреме Охрид започна моќно да ја полни мрежата на Спор Тото кој во нападот никако не функционираше, а „гладијаторите“ имаат 14:23. По серијата од седум гола, турскиот тим постигна гол за 15:23 по осум минута игра во второто полувреме.

На крајот Охрид само ја потврди рутински победата со резултат од 22:38.

По шест гола за Охрид постигнаа Дарко Ѓукиќ и Мартин Ивановски, а за Спор Тото прво име беше Ибрахим Озтурк со седум гола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!