Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ева Андонова убедливо најдобар стрелец во Втората женска фудбалска лига, еве колку голови има!

Сподели
Сподели



Во Втората женска фудбалска лига веќе многу работи станаа јасни и всушност сè е јасно. Конзули од Битола ќе биде нов прволигаш, а некогашниот шампион Билјанини Извори од Охрид се подготвува за бараж за можен влез во Прв лига.

Но, јасно е и кој ќе ја освои „златната копачка“ во Втората лига. Ева Андонова е убедливо најдобар стрелец во лигата со постигнати 21 гол. Фудбалерката на Слободен доминира и сигурно ќе заврши како најдобар стрелец.

Дел од овие погодоци Андонова ги постигна во дресот на охридскиот клуб, бидејќи во есенската полусезона настапуваше за Билјанини Извори, а во зимскиот преоден рок се пресели во Слободен.

На второто место на оваа листа е Мелиса Милица Димитриоска, која за Конзули постигна 14 погодоци, а пак трет најдобар стрелец е Јована Ѓорѓиоска Блажеска од тимот на Порече со 12 погодоци. Четврт најдобра стрелец е Стефанија Ристова, која во дресот на Билјанини Извори има 11 погодоци.



По осум гола имаат фудбалерките на Конзули, Тамара Нешковска, Марија Стојановска и искусната Мила Талевска, а пак седум погодоци има Марија Јулчовска за Билјанини Извори.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!