Прва лигаФудбал

Вистинска мешаница: Како до опстанок во Прва лига, неколку екипи сериозно загрозени!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Ако за титулата во Прва лига се борат Вардар и Шкендија, за опстанок се тркаат повеќе екипи – вистинска мешаница во долниот дел од табелата, секој бод е вреден злато за да се стигне до опстанок.

Шкупи веќе официјално испадна во Втора лига, но сега треба уште две екипи да ги спакуваат куферите за преселба во ранг подолу. Најмногу загрозени се екипите на Македонија ЃП, Работнички и Пелистер. Многу извесно две од овие екипи ќе испаднат, а една ќе бара опстанок преку бараж.

Македонија ЃП и Работнички се во зоната за директно испаѓање со 25 бодови, а Пелистер е во бараж зоната со 26 бодови. Останатите екипи имаат друга цел, како да се избегне осмото место и да се обезбеди директен опстанок.

Брера Струмица со 33 бодови е осма и се наоѓа во бараж зоната, а пак Арсими е седми со 35 бодови и веќе е во зоната за директен опстанок, како и Башкими кој е шести со 37 бодови, а пак Тиквеш веќе е најсигурен како петти со 40 бодови.



До крајот ќе гледаме борба како Македонија ЃП, Работнички и Пелистер ќе стигнат до бараж позиција. Веќе во следното коло во Битола ќе се соочат Пелистер и Македонија ЃП, поразениот тим од овој меч ќе биде во многу тешка ситуација за опстанок, особено ако загубат „лавовите“.

Брера, Арсими и Башкими ќе бидат во трка за директен опстанок односно да се избегне осмата позиција. Но, секако дека и самиот распоред на екипите може да направи ситуација во која екипа од погорниот дел да заврши и во бараж зоната, бидејќи до крајот во игра се 18 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!