Втора лигаТрета лигаФудбал

Во кој третолигашки регион ќе испаднат најмногу второлигаши?

Сподели
ФОТО: Архива
Сподели



Веќе се е јасно во долниот дел од табелата односно екипите кои ќе се преселат од Втора во Трета лига за следната сезона 2026/2017.

Официјално од Втора лига веќе испаднаа Големо Коњари, Победа и Слога Виница, оваа сабота отпаѓа Преспа, а за три кола ќе испадна и Вардар Неготино.

Од овие екипи најмногу испаѓаат во Трета лига – Југ, дури три екипи односно Големо Коњари, Победа и Вардар Неготино. Во Трета лига – Исток испаѓа Слога Виница, а во Трета лига – Југозапад тоа ќе биде екипата на Преспа.

Во баражот сигурно ќе бидат Каменица Саса и Тетекс, Кожуф и натаму ги живее надежите дека може до директен опстанок, ќе биде тешко, но математички тимот е во игра.



Овие три екипи припаѓаат различни третолигашки региони. Каменица Саса и Кожуф во Трета лига – Исток, а пак Тетекс на Трета лига – Запад.

Но, бидејќи од следната сезона е најавен шести регион, останува да видиме кои ќе бидат неговите граници и како ќе се групираат третолигашките региони.

Инаку во баражот за Втора лига покрај трите екипи од Втора лига влегуваат и шампионите од петте третолигашки региони. Победниците ќе бидат во Втора лига за следната сезона, а поразените одат во Трета лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!