Втора лигаФудбал

Трка за врвот во Втора лига: 25. коло може да донесе нов лидер – фокусот е во Радовиш!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Одамна не била толку неизвесна сезоната во Втората македонска фудбалска лига, каде до последните кола ќе се води жестока битка за шампионската титула и директен пласман во Прва лига, како и за двете позиции што носат бараж за влез во ПМФЛ.

Во трката за врвот се Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, додека од сенка својата шанса ја чека и Беласица, која се надева на место во бараж-зоната.

Една победа или пораз може целосно да ја промени ситуацијата на табелата, бидејќи разликите меѓу екипите се минимални. Брегалница е лидер со 55 бодови, додека Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново имаат по 53 бодови и ја делат втората позиција.

Веќе во следното коло може да дојде и до промена на врвот. Доколку Брегалница загуби на гостувањето кај Детонит Плачковица во Радовиш, а конкурентите стигнат до победа, можен е целосен пресврт на табелата.

Охрид на домашен терен ја пречекува Преспа и важи за фаворит, Скопје исто така има поволен меч против Каменица Саса, додека Шкендија Арачиново ќе бара три бода против веќе отпишаната Победа.



Токму Брегалница ја очекува најтешката задача во ова коло, бидејќи гостува во Радовиш во дуел што може да има огромно влијание врз шампионската трка.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 🔼 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 24 17 4 3 55 15 +40 55
2 🔽 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 24 16 5 3 58 13 +45 53
3 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 24 17 2 5 50 18 +32 53
4 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 24 16 5 3 43 13 +30 53
5 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 24 15 3 6 49 17 +32 48
6 🔼 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 24 13 5 6 47 19 +28 44
7 🔽 ГФК ОСОГОВО 24 13 5 6 36 18 +18 44
8 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 24 12 4 8 37 21 +16 40
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 24 9 8 7 35 21 +14 35
10 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 24 10 3 11 40 36 +4 33
11 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 24 7 8 9 43 41 +2 29
12 ➖ ГФК ВАРДАР Неготино 24 5 3 16 26 68 -42 18
13 ➖ ФК ПРЕСПА 24 4 0 20 25 59 -34 12
14 ➖ ФК СЛОГА 1934 24 3 2 19 23 65 -42 11
15 ➖ ФК ПОБЕДА АД 24 3 2 19 15 81 -66 11
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 24 2 1 21 13 90 -77 7



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!