Прва лигаФудбал

Салиу: Натпреварот беше многу тежок и борбен од самиот почеток, освоивме важни три бода

Сподели
Сподели



Екипата на Арсими стигна до минимална, но исклучително важна победа над Македонија Ѓорче Петров (0:1) во борбата за директен опстанок во Прва македонска фудбалска лига.

Херој на натпреварот беше Фатјон Јусуфи, кој го постигна единствениот погодок вреден три бода за тимот од Чегране.

По натпреварот, тренерот Вилдан Салиу во изјава за Спортска Мрежа потенцираше дека неговиот тим одиграл тежок и борбен натпревар, свесен за значењето на освоените бодови.

„Натпреварот беше многу тежок и борбен од самиот почеток. Знаевме колку се важни овие три бода за нас, особено во борбата за директен опстанок, и затоа влеговме максимално фокусирани и дисциплинирани. Противникот беше квалитетен и ни создаде проблеми во одредени моменти, но мислам дека моите играчи покажаа карактер, трпение и голема желба за победа“, изјави Вилдан Салиу за Спортска Мрежа.

Салиу дополнително нагласи дека оваа победа има големо значење за самодовербата на екипата, но и дека тимот мора да остане приземен во продолжението од сезоната.

„Не беше лесно да се дојде до победата, но тимот работеше напорно во текот на целиот натпревар и на крајот успеавме да ги освоиме многу важните три бода. Ова е значајна победа за нашата самодоверба, но мора да останеме мирни и концентрирани, бидејќи нè очекуваат уште тешки натпревари до крајот на сезоната“, дополни тренерот Салиу за Спортска Мрежа.

Со овој триумф, Арсими се искачи на седмата позиција со 32 освоени бодови, колку што има и Брера. Во следното коло, тимот ќе го пречека Пелистер на домашен терен во уште еден директен дуел од големо значење.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!