Младински фудбалФудбал

ЈП Билјанини Извори од Охрид донираа столчиња – Лозово добива нов лик на трибините

Сподели
Сподели



Општина Лозово прави значаен чекор кон унапредување на спортската инфраструктура, откако доби вредна донација за стадионот на Фудбалската академија Работник Галактикос.

Станува збор за 300 столчиња обезбедени од ЈП Билјанини Извори од Охрид, со што значително се подобруваат условите на стадионот и се создаваат предуслови за поквалитетно следење на натпреварите.

Во реализацијата на оваа донација учествуваа повеќе чинители. Голема поддршка беше обезбедена од градоначалникот Бошко Цветковски, кој помогна во логистичкиот дел од процесот.

„Посебна благодарност до градоначалникот г-дин Бошко Цветковски за целосната логистичка поддршка во текот на процесот на преземање на столчињата. Голема благодарност упатуваме и до Кристал 1923 Велес и Слободан Цобе Јовановски за обезбедениот превоз на релација Охрид – Лозово. Исто така, благодарност до Ведран Ѓорѓиев и Дамјан Ѓорѓиев за помошта при истоварот. За крај, голема благодарност до нашите тренери Ѓоко Стојчевски и Антонио Китановски, без кои целиот процес немаше да се реализира“, велат од фудбалската академија Работник Галактикос.

Овој проект претставува почеток на една поширока визија за развој на фудбалот во Лозово, со амбиција во блиска иднина да се создадат услови за натпревари од детските лиги на Фудбалска федерација на Македонија, пред исполнети трибини и вистинска спортска атмосфера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!