Охрид запиша голема победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26), во дерби натпревар кој се решаваше во последните секунди и донесе огромни бодови во борбата за врвот.
Натпреварот беше изедначен, со подобар почеток на домаќините, но во второто полувреме охриѓани заиграа поцврсто и успеаја да го свртат текот. Во драматичниот финиш, тимската стабилност и концентрација беа клучни за триумфот.
По мечот, своето видување го даде десното крило на Охрид- Ален Ќосевски, кој истакна дека подготовката, мирниот пристап и вербата во сопствените квалитети биле решавачки фактори за победата.
„Добро се подготвувавме за овој натпревар, знаевме дека ќе биде тешко. Влеговме со ладни глави на самиот почеток на мечот, верувавме во себе и на крај победивме. Мислам дека пресуди нашата тимска игра.“- изјави Ќосевски за Спортска Мрежа.

Со оваа победа, Охрид испраќа јасна порака дека е подготвен за големи резултати и останува сериозен кандидат во битката за врвот до самиот крај на сезоната.