Ракомет

Вардар ,,гази” без грешка: седум од седум и врвот на табелата!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Вардар останува максимален во домашното првенство. „Црвено-црните“ го добија градскиот дуел со Бутел со 38-30 во рамките на седмото коло и со седум победи од исто толку натпревари стигнаа до 14 бода, преземајќи го врвот на суперлигашката табела.

Иако Бутел прв го отвори резултатот, Вардар брзо ја презеде иницијативата и уште во воведниот дел создаде осетна предност. Во деветтата минута домаќините водеа со 8-3, а потоа дополнително ја зголемија разликата. На полувремето заминаа со пет гола предност (20-15).

По паузата, вардарци продолжија во ист стил и во еден момент избегаа на плус девет. Бутел не се предаде и во 40. минута успеа да намали на 26-22, но не ја искористи шансата дополнително да се доближи. Вардар одговори со два брзи гола, повторно воспостави контрола и во завршницата го потврди триумфот со конечни 38-30.

Во нападот на домаќините блескаше Матео Фадуил со 14 погодоци, додека Урош Митровиќ додаде девет. Двајцата заедно реализираа 23 гола за Вардар. Кај Бутел, Лука Јовиќ беше најефикасен со седум реализации.

Дуелот беше одигран во невообичаен термин поради европските обврски на Бутел. Вардар, пак, нема многу време за одмор, бидејќи во среда го очекува гостување кај Нант во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!