Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за место меѓу шесте најдобри екипи во Суперлигата. Битолчани ја искористија предноста на домашниот терен и стигнаа до значајни бодови со кои се израмнија со кавадарчани на табелата, со по седум бода.

Избраниците на Бранислав Ангеловски уште од почетокот покажаа дека се подготвени за важниот дуел. Домашниот состав отвори фуриозно и поведе со 4-0, а во продолжението ја зголеми предноста на 7-1. Тиквеш постепено се консолидираше и успеа да намали дел од негативата, но битолчани навреме реагираа и повторно ја презедоа контролата врз играта.

По тајм-аутот на Ангеловски, Еурофарм Пелистер 2 го искористи падот во играта на гостите и со серија успешни напади повторно се одлепи. Голманските интервенции, вклучително и одбранетите пенали, дополнително им ја олеснија задачата на домаќините, кои на полувремето заминаа со убедливи 17-10.

На почетокот од вториот дел Тиквеш се обиде да се врати во натпреварот, но не успеа да го искористи моментот. Промашениот пенал и исклучувањето на Гавидија им создадоа дополнителни проблеми на кавадарчани, а домашниот тим ја искористи ситуацијата за првпат да поведе и со девет гола разлика, при резултат 20-11.



Во продолжението Еурофарм Пелистер 2 рутински ја одржуваше предноста, која во еден момент достигна и десет гола (28-18). Тиквеш немаше решение за расположениот домашен состав, па до крајот не успеа посериозно да ја загрози победата на битолчани.

Најефикасен во победничкиот тим беше Давид Димевски со девет погодоци од десет обиди, додека Кристијан Симоноски постигна седум гола. Кај Тиквеш најмногу се истакна Тоше Ончев со осум погодоци.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер 2 се израмни со Тиквеш со по седум бода и направи важен чекор во трката за пласман во плеј-офот. Прилеп останува пред нив со осум бода, на петтата позиција, па борбата за место меѓу најдобрите шест продолжува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот клуб бележи максимален учинок во досегашниот дел од првенството, со седум...

Поврзани написи
Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!