Ракомет

„Одбраната беше столбот на победата“ – Моралес по драматичниот триумф во Битола

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид запиша драматична победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26) во дерби натпревар кој се решаваше во последните секунди. Двете екипи имаа свои моменти на водство, но ниту една не успеа да се одвои, па така, играта гол за гол долго време при крајот на мечот, како и црвените картони само ја зголемија неизвесноста. Во финишот, стабилноста во одбраната и концентрацијата беа клучни за триумфот на охриѓани.

Веднаш по мечот, во изјава за Спортска Мрежа, еден од столбовите во одбраната на охридската Тврдина, Реј Моралес потенцираше дека токму одбраната била столбот на тимот:

„Натпреварот го започнавме во многу добра форма во одбраната. Тие многу нè казнуваа со брзи контри. Успеавме малку да го поправиме тоа и следеше многу интензивна завршница која за среќа заврши во наша корист.“- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со оваа победа, Охрид останува сериозен конкурент во битката за второто место и покажува дека одбраната ќе биде нивниот најсилен адут и во следните средби.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!