Ракомет

„Покажавме карактер кога беше најпотребно“ – Савревски по големата победа во Битола

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид славеше на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26) во драматичен меч кој беше решен во последните секунди, со голот на Тилен Стрмљан.

Натпреварот беше изедначен, со подобар старт на домаќините, но во второто полувреме охриѓани заиграа поцврсто, особено во одбраната, и го свртеа текот. Во самиот финиш, кога сè беше отворено, следеше моментот на одлука.

По мечот, својот став го даде десниот бек на охриѓани, Давид Савревски, кој нагласи дека пресудна била реакцијата на тимот во вториот дел и тимската игра.

,,Навистина тежок и изедначен натпревар. Во првото полувреме имавме грешки и некако бевме во грч, но во вториот дел покажавме карактер, ја презедовме контролата и одигравме поцврсто во одбраната. Мислам дека желбата за победа и тимската игра пресудија на крајот.”- изјави Савревски за Спортска Мрежа.

Со оваа победа, Охрид се израмни по бодови со Еурофарм Пелистер и најави жестока борба за втората позиција до крајот на сезоната, а доколку продолжи со вакви изданија, тимот има сериозни шанси да направи голем исчекор.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!