Ракомет

Радовиш остана без тренер и капитен: Спасе Ѓоргиев и Здравко Постолов си заминаа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш остана без тренер и капитен, откако Спасе Ѓоргиев и Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот.

Како што информираше РК Радовиш причината била што двајцата се основачи на новиот клуб РК Феникс, за што веќе објави Спортска Мрежа, а според наши информации се работи за исклучително силен и голем проект, а управата на Радовиш ваквиот потег го смета за неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи.

Ѓоргиев заедно со Александар Долдуров пред две сезони кога никој не веруваше успеа да го врати клубот во Супер лигата, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 во баражот одигран во Автокоманда, а следната сезона Ѓоргиев заедно со Долдуров го избори и опстанокот во елитата.

Ѓоргиев заедно со Долдуров се ракометни легенди за радовишкиот ракомет, кои дале многу, а сега започнуваат со нов предизвик. Од друга страна Постолов кој е меѓу најдобрите стрелци во лигата и најдобар стрелец на Радовиш во изминатите сезони ќе биде дел новиот клуб Феникс.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, во структурите на РК Радовиш се проверени имиња, покрај Ѓоргиев, Долдуров и Постолов се и Игор Соколов и Љупчо Ѓорѓиев, кои се одлични познавачи на ракометот и имаат големо искуство.



Управата на Радовиш потегот за формирање на новиот клуб го оценуваат како неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи.

Радовиш сега ќе треба да бара нов тренер и капитен, во сезона кога клубот не освои ниту еден бод и се сели во Првата лига, а Спортска Мрежа наскоро ќе објави ексклузивни детали од тоа како РК Феникс ќе настапува, но според нашите информации се работи за сериозен проект.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!