Ракомет

РК Феникс – нов ракометен проект во Радовиш со јасна визија и план

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската ракометна сцена добива нов член, откако официјално е регистриран РК Феникс од Радовиш.

Според информациите на Спортска Мрежа, клубот веќе го доби решението за регистрација со што започнува една нова спортска приказна во овој град.

Зад проектот стојат добро познати ракометни имиња. Меѓу основачите се Игор Соколов и Љупчо Ѓорѓиев одлични познавачи на ракометот, со големо искуство, како и тренерите Спасе Ѓорѓиев и Александар Долдуров, кои во изминатите сезони оставија силен белег со Радовиш – обезбедувајќи пласман во Суперлигата преку бараж и потоа изборувајќи опстанок во елитата, а долги години го носеа дресот на Радовиш. Дел од основачката структура е и капитенот на Радовиш, Здравко Постолов.

Целосното име на клубот е ЗСРК Феникс Хандбол, а според најавите, станува збор за сериозен и добро осмислен проект со долгорочна визија. Плановите на клубот вклучуваат стабилен развој, јасна организација и поставување на здрави темели, со цел постепено градење конкурентен тим.

Со формирањето на РК Феникс, Радовиш добива уште еден ракометен колектив, што дополнително ќе ја зајакне спортската понуда во градот. Воедно, македонскиот ракомет станува побогат за клуб кој најавува амбициозен пристап и сериозна работа во периодот што следува.



Повеќе детали околу функционирањето, амбициите и идните чекори на РК Феникс се очекуваат наскоро, ексклузивно на Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!