Трета лигаФудбал

(ФОТО) Беса Сарај со пет победи во низа: Голем скок на табелата во Трета лига – Север!

Сподели
ФОТО: ФК Беса Сарај
Сподели

Екипата на Беса Сарај влезе во одлична резултатска серија, откако забележа пет победи во низа во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Тимот се наоѓа во извонредна форма, што резултираше со значителен напредок на табелата.

Во рамки на 14. коло, Беса Сарај на домашен терен го совлада Куманово со 3-1, по што следуваше гостинска победа во 15. коло над Лопате од 3-1.

ОХРИД КУП 2026 – ТУРНИР НА КОЈ СЕКОЕ ДЕТЕ ДОБИВА МЕДАЛ

Во 16. коло беше забележан уште еден домашен триумф, овојпат против Пчиња со 2-1, а потоа Беса Сарај славеше и на гостувањето кај Аеродром со 2-1. Победничката серија беше заокружена во 18. коло со убедлив триумф од 4-1 над Студеничани.

ФОТО: ФК Беса Сарај

Овие резултати се плод на континуирана и темелна работа во клубот, добра организација и јасна стратегија за развој на екипата, која минатата сезона преку бараж обезбеди пласман во оваа конкуренција и продолжува со стабилен напредок.

ФОТО: ФК Беса Сарај

Голема улога има и поддршката од навивачите, кои во голем број ги исполнуваат трибините на домашните натпревари, но и ја следат екипата на гостувањата.

ФОТО: ФК Беса Сарај

По 18 одиграни кола, Беса Сарај се наоѓа на шестата позиција со 26 освоени бодови. Во следното коло, тимот ќе гостува кај Ржаничино, каде ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и да стигне до шести триумф во низа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!