Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

Сподели
ФОТО: МЗТ Скопје
Сподели

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.

27-годишниот бек, висок 194 сантиметри, во „Јане Сандански“ пристигнува со богато регионално и меѓународно искуство. Тадиќ својата кариера ја започна во белградски Партизан, со кого во 2018 година го освои Купот на Србија.

Во 2022 година, настапувајќи за Златибор, се закити со шампионската титула во АБА2-лигата, а има искуство и од настапи за Младост Земун, Слобода Ужице и унгарски ДЕАЦ.

Тадиќ добро го познава и македонскиот и регионалниот кошаркарски простор, со оглед на тоа што во минатото настапуваше за Куманово, како и за црногорската Сутјеска.

Новиот член на МЗТ Скопје има и репрезентативно искуство со младинските селекции на Србија. Со јуниорската репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година, а претходно беше дел и од селекциите до 16 и до 20 години.

Со својата прегледност, организаторски способности и искуство, Тадиќ треба да донесе дополнителна сигурност и креативност во бековската линија на македонскиот шампион, кој во новата сезона ќе настапува на домашната сцена, во АБА2-лигата и во ФИБА Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од...

Кошарка

Кожув гостува во Штип, дерби на Пелистер и Работнички, Скопје домаќин на Струмица

Третото коло на кошаркарската Суперлига ќе се игра во три дена, истото...

Кошарка

Стартуваше трката за место во Суперлигата, Гостивар броеше до 134, Стојанов блесна со 35 поени!

Со висока ефикасност, убедливи победи и одлични индивидуални настапи започна новата сезона...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!