Прва лигаФудбал

Работнички врза четири победи во низа – „романтичарите“ можат и до директен опстанок!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Речиси сите го отпишаа Работнички за време на зимската пауза и не му предвидуваа добра пролет, но тимот од Дебар Маало се издигна и со серијата одлични резултати сега конкурира за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Работнички има четири победи во низа за вкупно седум во тековната сезона и со 25 бодови го дели деветтото место заедно со Пелистер.

Работнички го доби Арсими со 1:0, потоа Башкими со 1:2 во гости, следуваше победа над Силекс од 2:0, а потоа и Струга со 1:2 во гости.

Во следното коло Работнички на домашен терен ќе игра против Шкендија, ако и тука слават дебармаалци тогаш дефинитивно на дофат е директниот опстанок, а во најлош случај бараж за опстанок.

Сега Работнички има шест бода од зоната за директен опстанок односно седмата позиција каде што е Брера Струмица со 31 бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!