Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) ЕВРОГОЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Вељаноски „распали“ од 50 метри и го одбележа колото!

Сподели
Сподели

Младиот фудбалски талент на Македонија ЃП, Давид Вељаноски, го привлече вниманието на фудбалската јавност со спектакуларен погодок кој ретко се гледа на домашните терени.

На натпреварот од 18. коло во Скопската лига за генерација 2011, Вељаноски постигна вистинско ремек-дело – со прецизен и силен удар од околу 50 метри ја затресе мрежата на противникот, демонстрирајќи извонредна техника, визија и самодоверба.

Овој мајсторски потег беше клучен момент во победата на „лавовите“ од 3-1 на гостувањето кај Шкендија, во меч во кој избраниците на тренерот Туш Зефиќ одиграа квалитетно и заслужено ги освоија трите бода.

По одиграни 18 кола, Македонија ЃП се наоѓа на седмата позиција со 17 бодови, додека Шкендија е деветта со 15 бодови.

Вељаноски, роден на 19 јуни 2011 година, веќе важи за еден од најперспективните млади фудбалери во својата генерација, а ваквите потези се само најава за неговиот голем потенцијал и можната блескава кариера во иднина.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!