Ракомет

Лиапис: „Горд сум на оваа екипа и на тоа што го постигнавме“

Сподели
Сподели

Ракометарите на Охрид испишаа нова страница во клупската историја, пласирајќи се во полуфиналето на Купот на ЕХФ и влегувајќи меѓу европскиот ракометен крем. „Гладијаторите“ во драматичен реванш на домашен терен го совладаа Олимпијакос со 25-24 и со вкупен резултат обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето.

Ракометарите на Охрид не го кријат задоволството од историскиот успех, но остануваат и самокритични пред новите предизвици.

Ексклузивно за Спортска Мрежа, своите впечатоци ги сподели пивотменот на Охрид, Николаос Лиапис.

Лиапис не го криеше задоволството од постигнатиот успех, потенцирајќи ја големината на победата против квалитетниот состав на Олимпијакос, но воедно посочи дека тимот има простор за напредок, особено во однос на осцилациите во играта. Тој предупреди дека во полуфиналето против Целје ќе биде потребна уште поголема подготвеност.

,,Најпрво, би сакал да му честитам на мојот тим, многу сум горд на нас- ова што го направивме е големо бидејќи Олимпијакос е одличен тим. Сметам дека резултатот од гостинскиот меч пресуди, и ни ја даде предноста кон полуфиналето. Нешто што треба да нè загрижи е тоа што некогаш имаме ,,две лица” во играта..ќе мора да работиме на тоа и да напредуваме, бидејќи сметам дека следниот меч ќе биде потежок од овој..играме против Целје- еден многу брз тим, ќе има многу директни дуели,што значи дека ќе мора да се подготвиме уште подобро за тој двомеч.”- изјави Лиапис за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со овој историски успех, Охрид покажа дека има квалитет и карактер да се носи со најдобрите, а следниот предизвик за „гладијаторите“ ќе биде словенечкиот Целје во битката за финале. Останува да се види дали оваа генерација ќе продолжи да ја пишува најубавата европска приказна на клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

Младост 1976 и Согле за трофејот: Велес ќе добие нов куп-победник

На 9 мај, Градскиот стадион во Велес ќе биде домаќин на финалето од Купот на ОФС Велес, каде силите ќе ги одмерат екипите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Поврзани написи
Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во...

Ракомет

„Со нетрпение го чекаме финалето“ – херојски Охрид го елиминира Целје!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!