Кошарка

Кој ќе влезе во плеј-офот од пол-позиција во борбата за влез во кошаркарската елита на Македонија?

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Осмиот и последен круг од ТОП 8 фазата ќе ги одреди полуфиналните двојки во доигрувањето за место во Супер лигата.

Овој викенд ќе донесе и потврда како ќе изгледаат полуфиналните двојки преку кои ќе стартува третата и одлучувачка фаза во Првата македонска лига – плеј-офот.

Пред одигрувањето на последното осмо коло од ТОП 8 фазата, познати се четирите екипи кои ќе играат во доигрувањето за место кое догодина води во елитната суперлигашка конкуренција.

Но прашањето кое е отворено е, кои ќе бидат полуфиналните двојки?

Во овој момент, на позицијата број 1 која носи и најдобар распоред во доигрувањето, е екипата на Струмица 2001, која е на делба на првата позиција заедно со екипата на Соколи 1933.

Струмичкиот прволигаш има подобар меѓусебен скор, и победа на средбата во салата „Билјанини извори“ во Охрид, во недела (од 13.30 часот), им го носи првото место на струмичани.



Штипскиот прволигаш има гостување против екипата на Вардар. Победа во „Кале“ и пораз на Струмица 2001 во Охрид ќе ги остави штипјани на пол-позицијата.

Помали се шансите за првата стартна позиција за екипите на Бутел и на Борец баскет, затоа што имаат по една победа помалку во однос на првопласираните две екипи.

Оттука ќе треба(ат) порази на Соколи 1933 и на Струмица 2001, и победи на Бутел и на Борец баскет во последното коло, кои би донеле еден вистински фото-финиш.

Многу работи ќе бидат појасни и по одигрувањето на двата натпревари кои се играат во саботниот термин.

Во исто време, од 17.часот, Мега баскет ќе го дочека Борец баскет, додека пак во салата „Илија Хаџи Николов“ ќе играат Водно санс и Бутел.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од...

Поврзани написи
Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од...

Кошарка

Кожув гостува во Штип, дерби на Пелистер и Работнички, Скопје домаќин на Струмица

Третото коло на кошаркарската Суперлига ќе се игра во три дена, истото...

Кошарка

Стартуваше трката за место во Суперлигата, Гостивар броеше до 134, Стојанов блесна со 35 поени!

Со висока ефикасност, убедливи победи и одлични индивидуални настапи започна новата сезона...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!