Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките на седмото коло, „гладијаторите“ ќе гостуваат кај екипата на Мулти Есенс, со цел да стигнат до нови бодови и да продолжат со добрите настапи.

Пред овој дуел, Ален Ќосевски истакна дека Охрид го очекува натпревар против млад и борбен состав, поради што екипата ќе мора да пристапи максимално сериозно. Охриѓани имаат јасна цел – да одиграат организирано, да ги искористат своите квалитети и да го наметнат посакуваниот ритам на игра.

„Ни следува натпревар против екипата на Мулти Есенс. Станува збор за млада и борбена екипа.Нашата цел е јасна, да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети.“- изјави Ќосевски.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ќе се обиде да ги потврди своите амбиции и на гостински терен, а за исполнување на целта ќе биде потребен максимален ангажман во текот на сите 60 минути. Натпреварот Мулти Есенс – ГРК Охрид ќе се одигра в недела (18 октомври), со почеток од 16:00 часот, во салата „Автокоманда“. Веќе следниот викенд, охриѓани ќе бидат домаќини на двата меча од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

РакометРакометна репрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата...

РакометРакометна репрезентација

Пионерите тргнуваат во регионалната битка – Матлиески избра 16 ракометари за турнирот во Подгорица!

Нов предизвик за најмладата машка ракометна селекција на Македонија- пионерската репрезентација денеска...

РакометРакометна репрезентација

Познати арбитрите за првите два предизвици на Македонија во квалификациите за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација ќе има интернационални судиски двојки на почетокот од квалификациската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!