ФудбалФутсал

Исмет Цека со хет-трик: СЕЕ Университи ја „збриша“ Црна Река, трите бодови останаа во Брвеница!

Сподели
ФОТО: Futsal Team „Seeu University“
Сподели

Екипата на СЕЕ Университи е чекор поблиску до влез во Првата футсал лига откако со убедливи 6:1 ја декласираше Црна Река на домашен терен, во меч од 17. коло на Втората лига.

Наместо дерби, тотална доминација на тетовски тим кој со овие три бодови е се поблиску до влез во елитата.

Исмет Цека со три погодоци го предводеше СЕЕ Университи го голема победа, Едис Муртезани постигна два гола, а еден гол беше дело на Хисен Мемеди.

За гостинскиот тим од Кавадарци единствен стрелец беше Ѓорѓи Стрезовски.

Конзули славеше триумф од 2:4 над последнопласираниот Карадаку. Кај домашниот тим очекувано Шуајб Шукрија ги постигна двата гола, а пак за гостинот од Битола еден гол постигна Арин Сулемановски, а хет-трик имаше Ерен Амит.



Трите бодови останаа во Брвеница откако Партизан Југ ја доби драмата со ССК. Натпреварот беше премногу израмнет и неизвесен. Марко Спироски имаше хет-трик, а по еден гол постигнаа Ивица Ангелески и искусниот Даниел Радески, за гостинскиот тим двоен стрелец беше Несим Сулејман, а по еден гол имаат Лучијано Ибраимов и Бранко Ѓуровски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!