ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Сподели
Сподели

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од УЕФА младинската Лига на шампиони. На првиот дуел Брера Струмица во Андора славеше со 0:3, па со вкупни 0:11 тимот на Стојчев обезбеди следна фаза.

Натпревар во кој избраниците на Ѓорѓе Стојчев доминираа во секој сегмент од играта, со голем посед на топката и со над 30 удари кон противничкиот гол Брера Струмица закажа соочување со германскиот Хофенхајм за нов предизвик во ЛШ.

Брера одлично го отвори натпреварот со диктирање на темпото и контрола на самата игра со што уште во првите десеттина минути шампионот на Македонија правеше сериозен притисок кон голот на гостинот од Андора, а такво нешто имаше и ди еден одличен удар кој го имаше Талески, но Тавареш одлично бранеше во 8. минута.

Брера посериозно притискаше по левата страна преку Игор Ристов, кој во 11. минута пушти одлична топка во средината од шеснаесетникот каде Матеј Сејменов ја затресе мрежата за отварање на резултатот во 12. минута од средбата на стадионот „Младост“ во Струмица.

Санта Колома постојано се бранеше и немаше решение за избраниците на Ѓорѓе Стојчев кои постојано создаваа прилика за да го загрозат голот на Тавареш.

Гостинот немаше никаква идеја во самата игра, а притисокот на момците на Стојчев резултираше со втор гол на Иван Шириќ, по асистенција на Бојан Велков во 20. минута.

Двата рано примени голови го паднат темпото и мотивот во игра кај Санта Колома, која немаше идеја никако да префрли со игра на половината на Брера, по 25. минута игра струмичани имаа тотална доминација во секој поглед на фудбалската игра.

По половина час игра беше постигнат третиот гол со кој Брера Струмица дојде до убедливи 3:0, а стрелец на истиот беше Иван Василев.

Санта Колома беше инфериорен противник на теренот и немаше апсолутна никаква идеја како воопшто да се заигра на половината на домаќинот, а далеку од ситуација да создаде било каква шанса за гол.

По само една минута игра Иван Шириќ постигна уште еден гол со што Брера Струмица стигна до убедливи 4:0 против тимот од Андора. Во 36. минута од средбата „пукна петарда“ откако Игор Ристов погоди за убедливи 5:0, по асистенција на капитенот Ѓорги Танчев.

Првата зрела шанса Санта Колома ја имаше од слободен удар, откако фаулирање направи Иван Шириќ кој заработи и жолт картон, а Јанса од слободен удар испрати директен удар кон голот на Трајков кој боксуваше и ја сочува чиста мрежата.

Одлична шанса во 43. минута имаше Габриел Талески кој биеше од околу 20-тина метри во „90-ката од голот“, но Тавареш успеа да интервенира. Уште од многуте шанси на Брера имаше Игор Ристов кој испрати силен удар, но успеа Тавареш да интервенира.

По првите 45 минути се потврда тоталната доминација на Брера Струмица.

Голеадата продолжи и на стартот од вториот дел кога Иван Шириќ со негов трет гол зголеми на 6:0. Санта Колома продолжи да се „распаѓа“ на теренот со чести грешки, а една од поголемите шанси од таква грешка ја имаше Сејменов, но во последен момент успеа да Таварес да ја спречи топката да влезе во неговата мрежа.

Голем цех за Санта Колома беше и повредена на голманот Тавареш, на негово место влезе Нелсо де Соуса Карваљо.

Во 80. минута уште една голема грешка направи одбраната на тимот од Андора, но не успеа Филип Кулески да го претвори тоа во гол, откако еден од одбранбените играчи на Санта Колома со глава ја изби топката, откако Кулески испрати удар кон чистата мрежа бидејќи голманот беше излезе напред.

Уште еден „проектил“ испрати Павел Стојанов, но истиот заврши само над голот, одбраната на Санта Колома буквално имаше „пукнатини“ со што Брера Струмица лесно се пробиваше и создаваше шанси.

Атрактивен гол постигна Филип Тренов во 86. минута со што предноста се искачи на 7:0, само две минути подоцна Филип Кулески постигна гол за 8:0.

Струмичани патуваат во следната фаза од младинската Лига на шампиони каде ги очекува посериозен предизвик против Хофенхајм.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!