Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, оствари значаен успех освојувајќи го првото место на Балканското првенство во фудбал за спортисти со Даунов синдром и интелектуални попречености. Натпреварувањето се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Софија, Бугарија.

На првенството, организирано од Федерацијата за адаптирана физичка активност на Бугарија (ФАПА), настапија тимови од Бугарија, Македонија, Србија и Хрватска. Натпреварите се играа на терените со вештачка трева во рамките на Воената академија „Георги С. Раковски“ во Софија.

Триумфот на ФК „Карпошово“ е потврда за посветеноста, вложениот труд и заедништвото на фудбалерите и стручниот штаб, кои со своите настапи го заслужија највисокото место на победничкиот подиум. Овој резултат има и пошироко општествено значење, бидејќи ја истакнува важноста на инклузијата и создавањето еднакви можности за сите во спортот.

Преку проектот „Фудбал за сите деца“, децата и младите со интелектуални попречености добиваат можност да спортуваат, да ги надградуваат своите фудбалски вештини и да бидат активни членови на спортската заедница. На тој начин, фудбалот станува важна алатка за социјална интеграција, развој на самодовербата и поттикнување на тимскиот дух.

Работата и активностите на ФК „Карпошово“ се поддржани од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фондацијата на УЕФА за деца, кои придонесуваат за промовирање на инклузивниот спорт и обезбедување подобри услови за учество на лицата со попреченост.

Успехот во Софија претставува уште еден значаен чекор во промоцијата на инклузијата преку спортот и потсетник дека фудбалот е игра што ги поврзува луѓето, ги надминува разликите и им дава можност на сите да ги покажат своите способности и да ги остваруваат своите цели.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!