Прва лигаФудбал

Вардар цели само на победа против Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Ако си лидер на прволигашката табела, и ако имаш амбиција да бидеш шампион, а згора на тоа веќе си ја понел таа титула на полусезоната, тогаш секое твое излегување на терен значи и автоматско задолжително освојување на трите бода. Тоа не е лесен товар да се носи, особено не во домашниот шампионат.

Токму затоа, тимот на Вардар, лидерот на табелата, денеска како и во изминатите, 24. кола има задача да победи овој пат пред своите навивачи на Арената Тодор Проески.

Попладнево од 15:30 часот ќе го одигра градското дерби против тимот на Македонија ЃП во пресметка која што на едната страна значи продолжување на лидерскиот и можен шампионски од, додека на другата страна продолжување на евентуалниот прволигашки живот.

Натпреварот почнува од 15:30 часот, Вардар по поразот во претходната рунда, мора да се врати на победничките патеки додека фудбалерите на Македонија ЃП ќе се обидат да направат сензација и да ги зголемат шансите за опстанок во елитното фудбалско друштво.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!