Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од најголемите ММА организации во Европа на македонско тло. Настанот ќе се одржи на 24 октомври во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а организатор е Македонската ММА федерација, со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски ја истакна поддршката за ваквите спортски проекти, нагласувајќи дека тие придонесуваат за развојот и промоцијата на спортот, но и за афирмација на Македонија како дестинација за одржување големи спортски настани.

„Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја промовираат и Македонија како спортска дестинација“, истакна министерот Ристовски.

Организацијата „Fight Nation Championship“ за првпат доаѓа во Македонија, а големиот интерес за ММА борбите отвора можност за долгорочна соработка и организирање нови настани во иднина.

Основачот и претседател на ФНЦ, Дражен Форгач, посочи дека одлуката за доаѓање во Скопје е поттикната и од големиот број фанови од Македонија кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на овој спортски спектакл.

„По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат четири до пет часа да уживаат во спектакуларни борби“, изјави Форгач.

На настанот „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде претставена со петмина борци. Македонската ММА федерација ќе ја претставуваат Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ.

На програмата се предвидени вкупно 11 борби, а главниот дуел на вечерта ќе биде пресметката меѓу Лом-Али Ескиев и Марко Бојковиќ, во која Ескиев ќе ја брани титулата во лесна категорија.

Со доаѓањето на ФНЦ во Скопје, македонската публика ќе има можност да проследи квалитетни ММА пресметки и да ги поддржи домашните борци на големата европска сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!