Турнири

„Трофеј Трајан Куља – Црнобуки 2026“ подготвува ново незаборавно издание – следува летен фудбалски спектакл!

Сподели
Сподели

Организаторите на традиционалниот младински турнир „Трофеј Трајан Куља – Црнобуки 2026“ веќе започнаа со подготовките за седмото издание, кое и ова лето ветува уникатно спортско доживување.

Иако турнирот ќе се одржи во август, подготовките се во полн ек, а веќе се дефинирани планот, термините и дел од учесниците. Настанот ќе се игра од 14 до 16 август во село Црнобуки, а ќе учествуваат екипи од генерациите 2015, 2016 и 2017 година.

Како и во претходните години, турнирот ќе се издвојува по својот концепт и организација. Поканети се екипи од цела Македонија и регионот, а она што е посебно значајно е дека нема да се наплаќа партиципација за учество.

Организаторите најавуваат вистински хепенинг, исполнет со дружење, спорт и незаборавни моменти за најмладите фудбалери. Дополнително, најавени се и бројни изненадувања кои ќе го збогатат настанот и ќе создадат спомени што ќе траат цел живот.

Во наредниот период ќе бидат објавени и првите учесници, а заинтересираните екипи сè уште имаат можност да го потврдат своето учество и да бидат дел од оваа уникатна фудбалска приказна.

Спортска Мрежа официјално ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!