Ракомет

Охрид го подготвува европскиот спектакл, познати се цените на билетите!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската ракометна приказна на ГРК Охрид продолжува со нов предизвик во ЕХФ Европскиот Куп, а охриѓани ќе имаат можност од трибините во „Билјанини извори“ да му дадат поддршка на својот тим во двата дуела со турскиот Спор Тото СК.

Овојпат, охридската публика ќе добие можност да проследи два европски натпревари во два последователни дена. Средбите се закажани за 23 и 24 октомври, со почеток во 18:30 часот, а двата натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Билјанини извори“.

ФОТО: ГРК Охрид

Клубот ги објави и цените на влезниците. Еднодневен билет ќе чини 200 денари, додека блок-картата за двата натпревари ќе се продава по цена од 300 денари. Продажбата ќе се одвива исклучиво на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“.

Првата можност за набавка на билети ќе ја имаат имателите на сезонски карти, кои ќе можат да ги купат во среда, 14 октомври, во периодот од 15:00 до 18:00 часот. Генералната продажба за сите навивачи започнува в четврток, а билетарата ќе работи секој ден од 15:00 до 18:00 часот.

Охрид го очекува нов европски предизвик, а поддршката од трибините може да биде значаен фактор во обидот за нов успех на меѓународната сцена. Пораката од клубот е јасна – навивачите повторно да застанат зад своите миленици и да бидат нивниот осми играч.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!