Ракомет

Грците ги чека пекол во „Билјанини Извори“ – Охрид оди по европска историја!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид ќе имаат огромна поддршка од трибините на реванш дуелот против Олимпијакос во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако салата „Билјанини Извори“ е целосно распродадена.

За разлика од претходните европски натпревари оваа сезона, кога имаше слободни места, сега интересот е огромен и билетите се веќе минато. Навивачите ќе бидат силен адут за избраниците на Борис Ројевиќ, кои ќе се обидат да го задржат позитивниот резултат од првиот натпревар и да обезбедат место во полуфиналето.

Охрид во овој меч влегува со предност од пет голови од гостувањето во Грција, но од таборот на тимот јасно порачуваат дека ништо не е решено и дека ќе биде потребна максимална концентрација.

Токму затоа, полните трибини се очекува да бидат „играчот повеќе“ за охриѓани во битката за нов голем европски успех.



Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра со почеток од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!