Ракомет

Блажески: ,,Да почнеме од нула и да ја наполниме „Билјанини“ за историскиот реванш!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е на чекор до историски успех во ЕХФ Европскиот куп, а пред реваншот против Олимпијакос, голманот на охриѓани- Бојан Блажески во изјава за Спортска Мрежа го најави клучниот натпревар и ги истакна очекувањата во таборот на „гладијаторите“.

Блажески посочува дека Охрид има солидна предност по првиот натпревар, во кој тимот одиграл квалитетно и дисциплинирано. Тој нагласува дека и покрај позитивниот резултат, реваншот мора да се одигра со максимална концентрација, како да се тргнува од почеток.

ФОТО: ГРК Охрид

Голманот ја издвојува одбраната како клучен фактор за успех, исто како и во првиот дуел, а предупредува дека најголемата закана од противникот доаѓа преку играта „седум на шест“. Воедно, упатува повик до публиката да ја исполни салата и да даде силна поддршка.

„Имаме солидна предност со екипата на Олимпијакос и одлично одговоривме на првиот дуел. Бевме подготвени одлично. Атмосферата беше одлична, без проблеми и ни беше обезбедено сè за одличен престој. Во вториот натпревар мораме да започнеме сè од 0. Одбраната ќе биде клучна, како и во првиот меч и најголемата опасност доаѓа во нивната игра „7 на 6“. Во сабота да ја наполниме „Билјанини извори“ и заедно да уживаме во овој историски успех!“ – порача Бојан Блажески за Спортска Мрежа.

Со предност од првиот натпревар, но и со јасна свест за предизвикот што следи, Охрид ќе влезе максимално фокусирано во реваншот. Поддршката од трибините може да биде клучниот фактор во битката за историски пласман.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!