Фудбал

Игор Стојчевски се повлекува од судењето: Не сакам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето, посочувајќи ги притисоците и, како што наведува, невистините што се шират за него во јавноста. Одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи, потврдувајќи дека веќе ги информирал надлежните во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Стојчевски во изминатиот период беше во центарот на вниманието по пријателскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Македонија и Русија, одигран во Скопје, кој заврши со победа на гостите од 3:2. Средбата предизвика реакции поради досудените пенали, а судиските одлуки беа предмет на критики и коментари во јавноста.

Во своето обраќање, Стојчевски нагласи дека во овој момент сака да му посвети повеќе време на семејството и дека не сака неговите најблиски да бидат погодени од она што го оценува како невистини и манипулации. Тој потврди дека за својата одлука ги известил претседателот на ФФМ, претседателот на судиската организација и комесарот за делегирање.

„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки семејни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, вели Игор Стојчевски во објава на социјалните мрежи.

Повлекувањето доаѓа во период кога Стојчевски имаше можност за понатамошен професионален развој на меѓународната сцена. Во април годинава тој беше избран за учесник во програмата на УЕФА за талентирани судии и менторство за актуелната сезона.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП —...

ФудбалФутсал

Балкан убедливо го декласираше Кратово

Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово...

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!