Втора лигаФудбал

Важна промена: Охрид – Новаци ќе се игра порано, причината е европска!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането е преземање на сликата без претходна писмена согласност
Сподели

Во сабота на програмата се натпреварите од 23. коло во Втората македонска лига, кои стандардно се закажани за 15:30 часот. Сепак, дуелот на стадионот „Билјанини Извори“ ќе започне два часа порано.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, натпреварот меѓу Охрид и Новаци ќе се игра со почеток од 13:30 часот. Причината за оваа промена е реванш средбата на ракометниот клуб Охрид против Олимпијакос од Грција, која ќе се одигра во спортската сала во Охрид од 18:00 часот.

Според нашите информации, одлуката е донесена во координација меѓу фудбалскиот клуб Охрид и надлежните институции, односно Министерството за внатрешни работи и СВР Охрид. Целта е натпреварот да заврши навреме, со што ќе се овозможи соодветна организација и безбедност за ракометниот дуел.

Со оглед на тоа што спортската сала се наоѓа во непосредна близина на стадионот, ваквата одлука е донесена од безбедносни причини.



Фудбалерите на Охрид на овој натпревар ќе бараат рехабилитација по поразот од Брегалница во Штип, додека ракометарите ги очекува важен европски предизвик – борба за нов триумф против Олимпијакос и пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!