Втора лигаФудбал

Кој ќе биде шампион во Втора лига?

Сподели
Сподели

На осум кола до крајот во Втората македонска фудбалска лига останува неизвесно само кој ќе биде шампион и ќе има директен влез во Прва лига за следната сезона.

Скопје е лидер со 50 бодови, на делба на второто место со по 49 бодови се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново.

Која од овие екипи има најповолен распоред до крајот од второлигашкиот шампионат?

Скопје

23 коло Скопје – Брегалница
24 коло Новаци – Скопје
25 коло Скопје – Каменица Саса
26 коло Преспа – Скопје
27 коло Скопје – Охрид
28 коло Тетекс – Скопје
29 коло Големо – Големо Коњари
30 коло Скопје – Детонит Плачковица

Охрид

23 коло Охрид – Новаци
24 коло Каменица Саса – Охрид
25 коло Охрид – Преспа
26 коло Тетекс – Охрид
27 коло Скопје – Охрид
28 коло Охрид – Големо Коњари
29 коло Детонит Плачковица – Охрид
30 коло Охрид – Слога Виница



Брегалница

23 коло Скопје – Брегалница
24 коло Брегалница – Големо Коњари
25 коло Детонит Плачковица – Брегалница
26 коло Брегалница – Слога Виница
27 коло Беласица – Бреглница
28 коло Брегалница – Шкендија Арачиново
29 коло Осогово – Брегалница
30 коло Брегалница – Победа

Шкендија Арачиново

23 коло Шкендија Арачиново – Тетекс
24 коло Осогово – Шкендија Арачиново
25 коло Шкендија Арачиново – Победа
26 коло Кожуф – Шкендија Арачиново
27 коло Шкендија Арачиново – Вардар Неготино
28 коло Брегалница – Шкендија Арачиново
29 коло Шкендија Арачиново – Новаци
30 коло Каменица Саса – Шкендија Арачиново



Голема предност за Скопје и Брегалница е тоа што ги завршија настапите во Купот, а Охрид и Шкендија Арачиново ги очекува двомеч во полуфиналето од Купот каде што овие две екипи ќе потрошат значителна енергија и сила, со тоа ги очекува борба на два фронта.

Скопје го има најповолниот распоред бидејќи до крајот ќе игра дерби мечевите само со Брегалница и Охрид и тоа на домашен терен. Охрид ќе има тешко гостување кај Скопје во Автокоманда и во Радовиш кај Детонит Плачковица.



Брегалница веќе в сабота со тешко гостување кај Скопје, дома ќе игра со Шкендија Арачиново, а ќе има тешко гостување и во Радовиш кај Детонит Плачковица, но ќе биде неизвесно и со Осогово во Кочани.

Шкендија Арачиново ќе има тешко гостување во Штип кај Брегалница, а претходно ќе има тешки гостувања во Кочани и Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!