ФудбалЧетврта лига

Крошу гради шампионски менталитет – Станковски по победата над Баир: Сè уште ништо не е готово!

Сподели
Сподели

ФК Крошу ја игра своја најдобра сезона досега – лидер во Четвртата лига во ОФЛ Битола со убедлива предност од плус осум бодови и голема победа во дербито против директниот конкурент ФК Баир.

Но, зад резултатите стои нешто повеќе од форма – стои систем, карактер и јасна визија.

Тренерот Христијан Станковски открива дека оваа екипа не се води од еуфорија, туку од дисциплина, болка од минатото и глад за успех кој се уште не е задоволен.

Крошу е на врвот со плус осум бодови, но Станковски смета дека сè уште ништо не е готово и при ваква бодовна предност. Категорично вели не.

„Не! И искрено – тоа е најопасната мисла во фудбал. Лекцијата од минатото е јасна: ништо не е готово додека не заврши последното коло. Во момент кога ќе се опуштиш, се губи сè. Затоа ние не гледаме табела, туку следен натпревар“, вели Станковски во разговор за Спортска Мрежа.

Триумфот над конкурентот Баир со резултат од 0:2 и тоа на гостински терен за Станковски значи дека Крошу е подготвен за титула.

„Тоа не беше само победа – тоа беше изјава.Такви натпревари не се играат, туку се добиваат со глава. Игравме против вториот на табелата, на негов терен, и најважно беше да останеме мирни. Токму тоа го направивме. Во такви натпревари се гледа кој има срце, кој има дисциплина и кој верува до крај. Играчите покажаа дека не се плашат од притисок, туку го бараат. Да победиш директен конкурент на негов терен значи дека си подготвен за титула“, ни изјави Станковски.

Минатогодишното финале, пораз на пенали – дали ве промени?

„Да. И тоа многу. Такви порази или те кршат или те градат. Ние избравме да не се распаднеме, туку да научиме. Денес сме посмирени, постабилни и знаеме како изгледа притисокот кога е најголем.“



Поддршката од Кромберг и Шуберт и вработените?

„Тоа за нас е многу повеќе од поддршка. Кога знаеш дека зад тебе стои компанија и луѓе што веруваат во тоа што го правиш, добиваш и мотивација и одговорност. Играчите го чувствуваат тоа и даваат повеќе од себе на секој натпревар.“

Дали веќе размислувате за следниот чекор – повисока лига?

„Секако дека размислуваме, но без да ја изгубиме реалноста. Прво мора да ја завршиме оваа мисија. Но едно е сигурно – овој тим има потенцијал и карактер за повеќе. И нема да застанеме тука“, ни изјави Станковски.

Тимот на Крошу цели кон пласман во Трета лига – Југозапад за следната сезона.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!