Кошарка

Гевгелија убедливо до елитата – Струга 2009 падна во „мајсторката“

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарките на Гевгелија се нов член на Првата лига-жени, откако во решавачкиот трет натпревар од плеј-оф финалето ја совладаа Струга 2009 со убедливи 68:44 и со вкупни 2-1 во серијата го обезбедија пласманот во елитата.

Тимот од Гевгелија доминираше од самиот почеток на средбата, поставувајќи висок ритам и цврста одбрана. Веќе по првата четвртина направија значајна разлика (24:11), која дополнително ја зголемија до полувремето, кога на семафорот стоеше убедливи 34:13.

Во продолжението, домашните кошаркарки рутински ја контролираа предноста и не дозволија враќање на противникот, потврдувајќи ја супериорноста и заслужено славејќи промоција во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

Најефикасна во победничкиот состав беше Димковска со 17 поени, додека Муса-Димитровски и Стојковска додадоа по 12. Кај Струга 2009, Зиба се издвои со 18 поени, а Даути и Мутрезаи придонесоа со осум, односно седум поени.

Со овој успех, Гевгелија добива уште еден прволигаш, покрај машкиот тим на Кожув, а женскиот состав од наредната сезона ќе биде дел од најсилното друштво во македонската кошарка.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Кошарка

Капитенот Никола Караколев останува во Соколи

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!