РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓоко Зајков: Менталната стабилност ќе биде клучна против Ирска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик – гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По поразот од Данска, во националниот тим фокусот е ставен на детална анализа на противникот, како и на подигнување на формата пред претстојниот натпревар.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков истакна дека екипата извлекла важни поуки од претходниот дуел и нагласи дека клучен фактор за успех ќе биде менталната стабилност и концентрацијата во текот на сите 90 минути.

„Данска е навистина квалитетен противник. Се боревме добро во првото полувреме и се обидовме да затвориме на сите позиции. За жал, во второто полувреме дојде до пад на концентрацијата и примивме гол.

По направената анализа, јасно е дека имаше неочекуван пад по првиот примен гол. Тоа е сегмент на кој мора да работиме, кога ќе примиме гол, да не паѓаме како екипа, туку да се издигнеме и да реагираме подобро.

Сега сме целосно фокусирани на Ирска. Не постојат пријателски натпревари, секој меч го играме на победа. Сакаме да се надигруваме со секого и да покажеме квалитет, како што сме знаеле и претходно.

Многу е важно и од психолошки аспект да одговориме по поразот од Данска. Со добар резултат можеме побрзо да го оставиме тој натпревар зад нас и да изгледаме подобро во следните предизвици и квалификации”. – изјави Зајков.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!