ФудбалФутсал

Шкупи го „забетонира“ Мал Ајакс за испаѓање во Втора лига!

Сподели
ФОТО: КМФ Шкупи | АРХИВА
Сподели

Екипата на Шкупи која зад себе имаше лоша есенска полусезона, во пролетниот дел од Првата футсал лига не само што го обезбеди опстанокот, туку и се бори за висок пласман на прволигашката табела.

Во рамки на 15. коло тимот на Шкупи на домашен терен со 8:3 го декласираше Мал Ајакс, пораз со кој штипјани пополека се „пакуваат“ за преселба на Втора лига, а тоа за Мал Ајакс значи експресно испаѓање во второлигашкото друштво, откако не успеаја да го изборат опстанокот како повратници во Прва лига.

Хет-трик за домашниот тим постигна Абдил Кадир Јахја, двојни стрелци беа Ерблин Даци и Љавдрим Фазлију, а пак еден гол постигна Еркан Сефери.

За тимот од Штип стрелец на сите три гола беше Иса Дурмишов.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!