РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Љупче Дориев: Верувам дека не очекуваат добри натпревари, ова е само почеток

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик – гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По натпреварот со Данска, репрезентативците се целосно фокусирани на анализа на грешките и подигнување на формата пред новиот предизвик.

Љупче Дориев истакна дека тимот прикажал квалитетна игра во првото полувреме против Данска, но дека еден неочекуван момент значително влијаел врз текот на натпреварот и конечниот исход. Тој потенцира дека ваквите ситуации се составен дел од фудбалот, но и дека тимот мора да извлече поука и да остане концентриран во текот на сите 90 минути.

Во пресрет на дуелот со Ирска, атмосферата во репрезентацијата е позитивна, а играчите се мотивирани да го дадат максимумот и да дојдат до поволен резултат на тешкото гостување во Даблин.

„Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме против Данска, но потоа се случи еден брз и неочекуван гол. Тоа беше на самиот почеток на второто полувреме и малку нè дестабилизираше. Се виде дека влеговме во шок и кратка деконцентрација, што противникот го искористи. Станува збор за квалитетна репрезентација, но од наша страна продолжуваме понатаму.

Нè очекува натпревар со Ирска и треба да гледаме напред, со кренати глави и со атмосфера на највисоко ниво. Верувам дека нè очекуваат добри натпревари. Ова е само почеток. Натпреварот со Данска беше прв со нов селектор, со нова визија и пристап. Имаме квалитет, само треба да го склопиме во целина“, изјави Дориев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!