Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во натпреварот од третото коло во Европската лига на ЕХФ. Битолчани имаа добар почеток и парираа во воведниот дел, но серијата грешки му овозможи на германскиот состав да ја преземе контролата и да стигне до сигурен триумф.

Избраниците на Лино Червар добро го отворија дуелот и со погодоците на Серафимов и Ристевски поведоа со 2-0. Никола Митревски се истакна и со одбранет пенал на Рогановиќ, па македонскиот тим во првите минути покажа дека може да му создаде проблеми на ривалот.

Сепак, Гумерсбах брзо одговори и го презеде водството, а во продолжението се играше израмнето сè до средината на првото полувреме. Пелистер успешно ја користеше играта со седум ракометари во нападот, но техничките грешки постепено почнаа да го менуваат текот на натпреварот.

Домашниот тим го искористи секој пропуст на битолчани, особено загубените топки, по кои неколкупати погоди на празна мрежа. Во период кога Пелистер се мачеше да најде решение во нападот, Гумерсбах направи серија и се одлепи на највисоки шест гола предност (16-10).

Филип Кузмановски се обиде да го задржи својот тим во игра, па со неколку погодоци ја намали негативата. Сепак, новите грешки во завршницата на првиот дел му овозможија на германскиот состав повторно да се одвои, а на паузата резултатот беше 20-15.

Во второто полувреме Пелистер не успеа да го повтори добриот почеток од средбата. Гумерсбах продолжи со ефикасната игра, ги казнуваше пропустите на гостите и постепено ја зголемуваше предноста. Червар се обиде со измени во бековската линија, а шанса доби и Татар, кој врза три гола по ред, но тоа не беше доволно за да се внесе неизвесност во финишот.

Германците сигурно го контролираа резултатот во последните десет минути и заслужено славеа со конечни 38-28, нанесувајќи му го на Еурофарм Пелистер вториот пораз во досегашниот тек од натпреварувањето.

Во редовите на битолчани, Филип Кузмановски беше најефикасен со седум погодоци, додека Видомски и Ристевски постигнаа по четири. Голманите Хеидарирад и Митревски заедно забележаа 11 одбрани.

Кај победничкиот состав блескаше Душебаев со девет гола, додека Хоржен и Рогановиќ постигнаа по шест погодоци.

За Еурофарм Пелистер сега следува нова можност за поправен испит против истиот противник. На 17 ноември, Гумерсбах ќе гостува во Битола, каде што македонскиот тим ќе се обиде да возврати и да ги подобри шансите за пласман во елиминациската фаза.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

Ракомет

Охрид го подготвува европскиот спектакл, познати се цените на билетите!

Европската ракометна приказна на ГРК Охрид продолжува со нов предизвик во ЕХФ...

Ракомет

Воркапиќ пред Висла: „Вардар е голем клуб и секогаш оди на победа“

Вардар го очекува тешко гостување кај Висла Плоцк во четвртото коло од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!