Втора лигаФудбал

Реми на Шкендија Арачиново и Беласица, Скопје изби на врвот барем до 18 часот

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Без голови заврши дербито во Сингелиќ меѓу Шкендија Арачиново и Беласица (0:0) во рамки на 22. коло на Втора лига.

Ваквиот резултат го искористи Скопје кој со 0:2 го доби Вардар Неготино и изби на врвот барем до 18 часот кога ќе се комплетира колото со дербито во Штип.

Двата гола беа дела на Виктор Ангелов кој е најдобар стрелец во ВМФЛ.

Хет-трик за Азис Јамини за победа на Тетекс од 3:0 со Каменица Саса.

Со ист резултат славеше и Осогово над Слога Виница, двапати погоди Филип Димоски, кој игра во фантастична форма и Дамјан Стојковски.

И Кожуф со 3:0 славеше над Големо Коњари, а стрелци беа Лука Трајкоски, Александар Богданоски и Давор Богевски.

Новаци со головите на Петар Љамчевски и Стефан Јовановски славеше со 2:0 над Преспа.

Детонит Плачковица се врати на победничките патеки откако со 0:6 славеше над Победа во Прилеп.

Двапати стрелаше Стефан Бабунски, а по еднаш Тино Спасиќ, Дарко Алексовски – Пеле, Сашо Дуков и Урон Алили.

Од 18 часот се игра дербито меѓу Брегалница и Охрид за комплетирање на колото.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!