Прва лигаФудбал

Берат Имери си поднесе оставка, Беса ќе доби нов тренер, кој би бил трет во тековната сезона!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Шефот на стручниот штаб на прволигашот Беса од Добри Дол си поднесе оставка, откако клубот денес загуби од шампионо Струга со резултат од 1:2 преку пресврт.

Одговорноста за резултатите ја превзема Имери, кој понуди оставка на раководството на клубот, а притоа на клубот му посака понатамошни успеси.

Берат Имери кратко се задржа на тренерското столче на Беса, откако дебитираше со победа над Вардар во 10. коло од Првата лига, потоа запиша три порази во шампионатот од Силекс во Кратово, од Шкендија во Тетово и денес од Струга на домашен терен, а Беса беше елиминирана и во Купот на Македонија.

Беса сезоната ја започна со Александар Таневски, тренерот кој ја внесе Беса во Прва лига, а сега Беса по заминуањето на Имери ќе добие нов тренер, кој би бил трет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!