Трета лигаФудбал

Караорман слави победа, Преспа убедлива, Светлост направи изненадување за прва сезонска радост!

Сподели
Сподели

Осмата рунда од Трета лига – Југозапад го донесе изненадување, откако Светлост во Кукуречани за првпат сезонава се израдува на триумф и бодови совладувајќи го Влазними од Струга со 3:2.

Џиновска победа за Светлост и тоа преку пресврт, откако гостинскиот тим преку голгетерот Насер Доко на полувреме имаше 0:2. Во вториот дел Никола Шеровски постигна два гол за 2:2, а во 64. минута Стефан Бучински направи комплетен пресврт за конечни 3:2.

Поранешниот второлигаш Кораби со 3:1 го совлада тимот на Света Троица од Охрид на Градскиот стадион во Дебар. Домашниот тим преку Колоња, Амбари и Леши имаше 3:0, а Маркоски во 80. минута погоди за конечни 3:1.

Демир Хисар запиша нов пораз откако дома загуби од Кравари со 1:2. Гостинскиот тим по само 17 минути игра имаше двојна предност со головите на Емини и Јовановски, а во вториот дел Јанкуловски постигна гол за конечни 1:2.

Лидерот Преспа запиша уште една убедлива победа и продолжува да гази, откако денес на Градскиот стадион во Ресен со 3:0 го збриша новиот третолигаш Славеј од Мешеишта.

Дејан Груевски и искусниот Никола Пластиновски погодија за 2:0 во првиот дел, а во второто полувреме Ергин Дафто ги постави конечните 3:0.

Ланскиот второлигаш Караорман со голот на Никола Димов славеше минимална победа од 1:0 над Евротип.

Како што инфорамираше Спортска Мрежа вчера Сатеска во Волино со 7:3 ја декласираше Велешта. Целиот извештај од тој меч прочитајте го овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека Тиквеш мораше добро да се помачи за да стигне до нови...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!