Трета лигаФудбал

Сатеска во Волино ја декласираше Велешта, Секулоски продолжува да тресе мрежи!

Сподели
Сподели

Со убедливата победа на Сатеска во Волино од 7:3 над Велешта беше отворено осмото коло во Трета лига – Југозапад.

Убедлива победа која беше најавена уште на полувреме кога домашниот тим имаше превисоки 5:1 со тотална доминација на теренот. За ваквата убедлива победа на домашниот тим беше и фактот што Велешта допатува само со еден играч на клупата за резерви, па така тенката клупа и можност од само една измена се рефлектираше за ваквиот резултат.

Најдобриот стрелец и голгетерот на Сатеска Волино постигна два погодоци, а двапати стрелаа и Лука Богданоски и Даниле Короскоски, а еден гол постигна ФИлип Вранишкоски. За тимот на Велешта Диели Каба беше двоен стрелец, а еден гол постигна Шпетим Каба.

Колото ќе се комплетира денес, за што Спортска Мрежа ќе информира со детален извештај со стрелци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!