Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново ги закажа подготовките – се водат преговори за квалитетни засилувања!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново интензивно работи на засилување на играчкиот кадар во пресрет на продолжението од сезоната, со јасна цел да одговори на високите амбиции во Втората македонска фудбалска лига. Од клубот информираат дека раководството е постојано ангажирано во разговори со неколку квалитетни фудбалери, со кои се очекува дополнително да се засили конкуренцијата во тимот.

Подготовките за пролетниот дел официјално ќе започнат во понеделник, на 12 јануари. Фокусот ќе биде ставен на физичката подготвеност, тактичката уиграност, со цел екипата максимално подготвена да го дочека продолжението на шампионатот.

Зимскиот преоден рок донесе големи промени во ростерот, откако клубот се раздели со дури 13 фудбалери како што пишуваше Спортска Мрежа, а воедно ангажираше пет нови имиња. Во редовите на Шкендија Арачиново пристигнаа голманот Антонио Столевски, како и Сухејб Рушити од Слога Виница, Махир Ајрули од Каменица Саса, Владимир Жоглев од Осогово и Зани Назифи од Шкупи.

По есенскиот дел од сезоната, Шкендија Арачиново се наоѓа на второто место на табелата со 35 освоени бодови, само еден помалку од лидерот Охрид, што дополнително ја потврдува сериозноста на клубските амбиции во борбата за врвот.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!