Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Кузмановски: Моите соиграчи се најзаслужни за мојата награда

Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација ремизираше со Швајцарија откако одигра 29:29 на последниот натпревар од „Жолтиот куп“ кој се играше во Винтертур.

Овие натпревари беа пријателски со цел да се провери формата пред настапот на Европското првенство. Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски, зборуваше за натпревари на „Жолтиот куп“.

„Пред се сакам да им се заблагодарам на мојата екипа за борбеноста на овој турнир, мислам дека тие се најзаслужни за мојата награда. Мислам дека тие многу придонесоа за нашите цели што ги замисливме пред почетокот на турнирот ги исполнивме. Нашата формата ни расте од првиот натпревар до последните, а имаме уште краток период да се спремиме пред тоа што навистина не очекува во Данска. Некои детали ќе треба да се поправат пред почетокот на Европското првенство. На овие три натпревари ги пробавме сите формации во одбраната имаме некои новости како ќе парираме со нашите противници на Европското првенство. Треба да ни биде клучна одбраната, навистина треба да бидеме борбени, да играме еден за друг како овие натпревари што одигравме во второто полувреме со Украина и со Швајцарија. Навистина бевме мобилизирани сите заедно, пробуваме исто да биде на наша страна полуконтрата. Оваа Македонија треба да трча, нормално со полуконтрата сега ракометот е модерен и има многу трчање, мислам дека сме максимално подготвени и ќе одговориме на тоа темпо што ќе не очекува на Европското првенство“, рече капитенот Филип Кузмановски.

Македонија на „Жолтиот куп“ славеше над Бахреин и Украина, а ремизираше со Швајцарија. Сега нашата репрезентација ќе се „пресели“ во Хернинг, каде ќе ги играме натпреварите од групата Б на Европското првенство, а во група сме со Данска, Португалија и Романија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!