Втора лигаФудбал

ФОТО: Шкендија Арачиново направи „чистка“ откако се раздели со повеќе од 10 играчи!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Голема „чистка“ прави второлигашот Шкендија од Арачиново, откако тимот официјално се заблагодари на 12 фудбалери за досегашната соработка.

Како што веќе објави Спортска Мрежа од клубот заминаа неколку фудбалери, а сега Шкендија Арачиново тоа го потврди и официјално. Се работи за Бујар Иљази, Еркан Шаип, Шуајб Алити, Александар Ѓорѓиески, Бурхан Алији, голманот Баки Алиу, Мергин Дани, Христијан Коцев, Амар Мустафа, Албан Шабани, Омери Сулејамни, Стефан Коловски и Ферат Села кои нема да го носат дресот на тимот од Арачиново во пролетниот дел.

Досега Шкендија Арачиново се засили со голманот Антонио Столевски, Владимир Жоглев, Сухејб Рушити, Зани Назифи и Махир Ајрули, а во следните денови ќе треба да бидат промовирани и останатите засилувања.

„Ви благодариме за секоја пролеана капка пот и за посветеноста што ја покажавте кон боите на нашиот клуб. Вашиот придонес е високо ценет, исто како и времето, ангажманот и жртвата што ги дадовте за клубот и за нашето место. Ви ја изразуваме нашата искрена благодарност и Ви посакуваме многу успеси во продолжението на Вашата кариера, како на професионален, така и на личен план“, велат од Шкендија Арачиново.

Тимот презимува на второто место со 35 бодови, еден помалку од лидерот Охрид кој има 36 бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!